Карчовски: Гледајќи го почетокот на кампањата, на прва ми доаѓа една грижа - А каде е Лисиче?!?

Јован Карчовски на својот фејсбук профил сподели објава во која го анализира прашањето со населбата Лисиче за која како што вели е далеку од урбанизирана и средена.
- Гледајќи го почетокот на кампањата (која официјално не е ни почната!), на прва ми доаѓа една грижа: А каде е Лисиче?!? Повеќепати во текот на изминатата година се залагав за создавање на долгорочен и сеопфатен концепт за развој на општина Аеродром. За Аеродром за 21-ви век! Нам во Аеродром ни треба еден вид на партнерство, или договор за иднината, кој нема да се менува во зависност од тоа кој е на власт. Тоа партнерство најпрво треба да почне со решавање на внатрешните вештачки поделби помеѓу урбаниот дел на Аеродром и Лисиче. Едноставно е, Аеродром и Лисиче треба да си подадат рака и рамо до рамо да одат напред кон иднината. Аеродром е голема општина по површина. Но урбаниот дел од Аеродром е пренаселен, а Лисиче е далеку од урбанизирано и средено, вели тој.
Карчовски се надева дека кандидатите за градоначалник ќе ветат конкретни проекти и визија за развој на Лисиче.
-Сакам да кажам дека на Лисичани им е дојдено преку глава од предизборни ветувања. И затоа убеден сум дека на овие избори тие мнооогу внимателно ќе измерат кому ќе му ја дадат довербата. Лисичани ќе бараат конкретни проекти, со прецизни рокови и беспрекорна реализација. Лисичани не забораваат, и не простуваат, заклучува тој во својот коментар на фејсбук.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
