Кардиналите ќе разговараат за погребот на папата

Голем број кардинали треба да се сретнат денеска во Рим за да разговараат за аранжманите за погребот на папата Франциск, кој почина вчера на 88-годишна возраст.
Кардиналите треба да одлучат за точното време на погребот на покојниот поглавар на Католичката црква, што обично се случува четири до шест дена по смртта.
Иако е вообичаено починатиот папа да биде погребан во базиликата Свети Петар, Франциск се очекува да биде погребан надвор од Ватикан во базиликата Санта Марија Маџоре, едно од неговите омилени места.
На погребот се очекува да присуствуваат шефови на држави и влади од целиот свет.
Телото на Франциск моментално се уште се наоѓа во капелата на гостинската куќа Санта Марта, неговата резиденција во Ватикан.
Телото најверојатно утре ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар каде верниците ќе имаат можност да му оддадат последна почит, соопшти Ватикан.
Франциск, кој беше папа 12 години, почина вчера во 7:35 часот по мозочен удар, соопшти Ватикан.
Како духовен водач на 1,4 милијарди католици во светот, Хорхе Марио Бергољо беше првиот папа од Латинска Америка, првиот језуит и првиот што го доби името по Свети Франциск од Асизи, средновековен монах кој живеел во сиромаштија.
Лидерите од целиот свет му оддадоа почит на Франциск по неговата смрт, истакнувајќи ја неговата понизност и сочувство.
Ново на Сител
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
-

Австралискиот премиер предлага построги закони за оружје по масовното убиство на плажата Бонди
-

Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
