Казнети 120 возачи во Скопје
Вкупно 120 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина има девет санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Како што соопшти МВР, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
