Кери: Неопходни се максимални напори за поттикнување на сириските преговори

Американскиот државен секретар Џон Кери ги повика синоќа сите учесници во сирискиот мировен процес да вложат максимални напори за поддршка на примирјето и за поттикнување на мировните преговори.
Кери ова го изјави по средбата со министрите за надворешни работи на земјите од Советот за соработка на арапските држави од Персискиот Залив, која се одржа во Манама, главен град на Бахреин.
Претходно вчера специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура потврди дека новиот круг од меѓусирискиот мировен дијалог ќе почне како што е предвидено на 13 април, при што фокусот ќе биде ставен кон политичката транзиција во Сирија.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера во Москва изјави дека прекинот во огнот во голема мера се почитува во повеќето провинции во Сирија.
Тој додаде дека и покрај одредени нарушувања и престрелки во регионите на примирјето, изминатите недели е забележано намалување на нивниот број.
Конашенков нагласи дека руската авијација не извршува напади врз опозициски формации, кои објавила дека ги прекинуваат нападите и доставиле податоци за своите позиции во американскиот или во рускиот центар за примирје.
Во меѓувреме ТАСС јави дека 150 работници од фабрика за цемент, покрај Дамаск, од вкупно 340, колку што беа земени како заложници од Исламска држава, успеале да избегаат и се спасила. Судбината на останатите е неизвезна.
Над 300 лица беа киднапираните вчера во напад врз џихадистите врз кинеската фабрика „Бадиа исминт“, во регионот на Абу Шамат. Според очевидци терористите ги качиле заложниците во автобуси и го однеле во својата база во Тел Даква.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
