Македонија
16. October 2022 - 14:08

Кичево: Се запознале пред казино, ги примил дома а тие го ограбиле и натепале

Денеска (16.10 2022) околу 07 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР-Кичево ги лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип и И.М.(33) од Битола, со привремен престој во Кичево. Тие се сомничат дека физички го нападнале М.З.(74) од Кичево во неговиот дом, по што му одзеле пари и други предмети. Имено, тие претходно се запознале со  М.З. пред казино и откако му побарале преноќиште, заедно отишле во неговиот дом каде го извршиле делото, информира МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.