Киднапирана девојка од Италија најдена во стан во Охрид
26-годишна италијанка е пронајдена заклучена во стан во Охрид, од страна на 19-годишно момче од Скопје кое било со привремено живеалиште во Италија. Како што информираат од МВР:
„На 04.07.2020 во 04,00 часот во Полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Р.Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Р.Италија.
Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. “Партизанска“ во Охрид, сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С.
Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид.
За настанот е запознат јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка во траење од по осум дена. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер