-->
-->
Киев реагира на најавата од Белгија дека ќе испорача 30 авиони Ф-16 дури во 2028 година
-->

Белгија најави дека ќе префрли 30 авиони Ф-16 во Украина, но датумот за испорака до крајот на 2028 година, е неприфатлив за Киев, изјави за Радио Слобода, Игор Зовква, помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
- Навистина ни требаат авионите. Имаме соодветни изјави од нашите партнери за бројот на авиони. За жал, во некои земји рокот за испорака е предолг. На пример, Белгија има ветено 30 авиони, но најави дека ќе бидат испорачани до крајот на 2028 година, што за нас е неприфатливо, вели Зовква.
Тој истакна и дека важно прашање е да се зголеми бројот на центри за обука на украински пилоти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
-

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација
-

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп
-

Извештај: Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хаменеи во тешка состојба во Ком
