Loading Video...
Фудбал
2. January 2021 - 18:11

Кикс на Баер Левегкузен на гостувањето кај Ајнтрахт

По двонеделна пауза продолжија и натпреварите во германската Бундес лига.
 
Второ рангираниот тим на табела Баер Леверкузен на гостувањето во Франкфурт загуби од Ајнтрахт со 2-1.
 
Иако „фармацевтите“ од Леверкузен поведоа први уште во 10-тата минута, со прекрасниот голот на Надим Амири, сепак на крајот домаќините беа оние кои се радуваа. 
 
Ајнтрахт ја анулира негативната веќе во 22-та со погодокот на Амин Јунес. Трите бодови на домашниот тим им ги донесе гостинскиот играч Едмонд Тапсоба кој во 54-минута си постигна автогол. 
 
Баер Леверкузен засега остана на 2.место со 28 бодови колку што има и трето пласираниот Лајпциг кој вечерва му гостува на Штутгарт. Двата тима имаат два бода помалку од лидерот минхенски Баерн кој утре го пречекува Мајнц,