Loading Video...
Свет
4. October 2022 - 12:33

Кина ги предупреди САД дека би можеле да се соочат со нуклеарна војна ако Украина се приклучи во НАТО

Кина ги предупреди САД дека би можеле да се соочат со нуклеарна војна ако Украина се приклучи во НАТО.

„Сите европски земји ќе треперат под сенката на можна нуклеарна војна“, предупреди Пекинг во неделниот уредник на државниот Глобал Тајмс. Пекинг порача дека Вашингтон наместо да ја смирува ситуацијата го разгорува огнот на војната во Украина што може да доведе до кобни последици. Кина го повика НАТО целосно да се повлече од Источна Европа.

Се огласи и Северна Кореа.  Пјонг Јанг ги признава референдумите во окупираните територии на кои се гласаше за приклучување кон Русија. Северна Кореа смета дека референдумите се оддржани согласно со повелбата на ОН и се легитимни.