Loading Video...
Свет
5. August 2022 - 16:37

Кина прекина голем дел од односите со САД, се интензивираат вежбите околу Тајван

 Кина ги продолжува  воени вежби околу Тајван, објави  дека ќе ја прекине соработката со САД  во повеќе воени и цивилни  области и вети санцкии за претседателката на Преставничкиот дом  на САД Ненси Пелоси и нејзниото потесно семејство. Пекинг ја засилува  одмаздата против Вашингтон и Тајпеј   поради посетата на Пелоси на Тајван    а ја повика Москва да ја зајакнат  мегусебната соработка и заедно  да дејствуваат на меѓународната арена. И на вториот ден од вежбите околу островската земја, Кина продолжи со лансирање балиситчки ракети  а некои од нив  прелетале над Тајван и паднале во Пацификот , објави кинеската државна телевизија.

Над 100 борбени авиони и над 10 воени бродови изведуваат поморски и воздушни маневри а  дел од нив според Тајванаксите власти  неколку пати ја поминале  неформалната линија на поделба во Тајванскиот Теснец меѓу кинеското копно и островот

Кина се пофали  дека воените вежби  околу островската земја  течат според предвидено темпо. Маневрите ке завршат утре.  Пекинг го повика Вшаингтон да претсане  да провоцира, отккао од Јапонија Пелоси изјави дека САД нема  да и дозволат на Кина да го изолира Тајван а нејзината псоетата  на Тајван  Кина ја  искористала како  изговор да спроведе  воени вежби во близина на Тајван. 

- Ако САД беа навистина одговорни, требаше да ја прекинат сериозно провокативната посета на Пелоси на Тајван  Ако САД се навистина одговорни, мора веднаш да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Кина под каков било изговор!  Мора веднаш да престане со ескалацијата на суштинските односи меѓу САД и Тајван и да ја запре продажбата на оружје на Тајван “- Хуа  Чунјинг, портпаролка, Министерство за надворешни работи

Кина го смета Тајван за своја територија а посетите на странски претсанвици ги гледа како признавање на суверенитетот на островот.