Кина продолжува да ги намалува мерките против Ковид-19
Кина дозволи асимптоматските случаи на инфекција со Ковид-19 и оние со благи симптоми да се лекуваат во карантин дома, објави денеска кинеската Национална здравствена администрација (НХЦ).
Во соопштението се додава дека доколку е потребно, пациентите итно ќе бидат хоспитализирани.
Кинеските власти продолжија да ги олеснуваат мерките против коронавирусот, по минатомесечните демонстрации против политиката на „нулта толеранција кон Ковид“.
Претходно, само поради еден позитивен случај беа затворани цели заедници и со недели. Минатиот месец, според новите и помалку строги правила за карантин, затворени беа само погодените згради.
– Областите со висок ризик треба да бидат прецизно дефинирани по зграда, единица, под и домаќинство и не треба произволно да се прошируваат на цели станбени комплекси и заедници, се посочува во соопштението.
Здравствените власти ги повикаа локалните власти „одлучно да ги коригираат поедноставените, униформни мерки за сите и да додадат дополнителни мерки“ за спречување на Ковид-19 и да го отфрлат и надминат „формализмот и бирократијата“.
НХЦ наведе вкупно 10 нови упатства кои ги следат 20. мерки објавени на 11 ноември за „оптимизација“ на протоколите за превенција и контрола на Ковид.
Ново на Сител
-

СП 2026: Почнува разврската за титулата, Франција за петто или Шпанија за второ мундијалско финале
-

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата
-

САД завршија нов бран напади врз Иран, продолжува ескалацијата на конфликтот
-

Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја
-

Kлековски ќе информира за спроведените реформи, проекти и унапредувања во здравствениот систем во последните две години
-

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-

Сончево со температури до 36 степени
-

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година
