Кина веќе разработила вакцина против новиот коронавирус, тврди кинескиот амбасадор во Москва
- Кина веќе разработи вакцина која води до имунитет. Но, тоа е првична информација, а неопходни се дополнителни проверки и одобренија, изјави амбасадорот.
Освен тоа, според информациите на лекарите, успешно, без странични ефекти, се користат и кинеските лекарства за борба со симптомите од вирусот, а, исто така, ефикасно се покажа и старото советско лекарство кое се користи во случаите против маларија.
Според дипломатот, во Кина секој ден со вирусот се заразуваат неколку стотици лица и околу 2.000 оздравуваат. Смртността на „COVID-19“ е намалена и денеска таа во првата провинција каде се појави – Хубеи е помала од три отсто дневно, односно 0,55 отсто во другите провинции.
Претходно во текот на февруари во Кина беше одобрен лекот што властите официјално го признаа за потенцијално ефекасен во борбата со коронавирусот. Лекот е познат под името Favipiravir или Avigan.
Тогаш беше соопштено и за создавањето на брз тест, со кој дијагнозата за коронавирус се поставува за само 15 минути.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење