Свет
25. October 2016 - 8:43

Кина: Во силната експлозија загинаа 14 лица, 147 се ранети

Билансот на загинатите во силната експлозија, која го потресе градот Јулин во провинцијата Шанси во северозападна Кина, се зголеми на 14 лица, додека 147 се повредени.

Локалните медиуми јавуваат дека е можно експлозијата да е поврзана со „складиште за експлозив“, кое нема дозвола, а се наоѓа во околната зграда.

Експлозијата во градот Јулин одекна во понеделникот во 14 часот по локално време, во близина на болница. 

На снимките и фотографиите, објавени на социјалните мрежи се гледа дека е причинета сериозна материјална штета. 

Очевидци велат дека на местото, каде имало двокатна зграда сега има кратер.