Свет
10. July 2020 - 11:16

Кинеската авиоиндустрија со загуба од речиси пет милијарди долари поради Ковид-19

Поради последиците од новиот коронавирус, кинеската авиоиндустрија во вториот квартал од годината бележи пад од 4.89 милијарди долари.

Според податоците на кинеската Цивилна администрација за авијација, во првиот квартал од годината, авиоиндустријата загуби над пет милијарди долари.

 Кинеската авиоиндустрија  напредува побрзо  за разлика од другите земији што сега попуштаат со мерките воведени поради Ковид-19.

Сепак бројот на патници укажува дека авиоиндустријата во Кина се уште е под нивото на кое се наоѓаше пред епидемијата.

Бројот на патници во јуни е за 42.4 отсто помал во однос на  минатата година , односно регистрирани се 30.74 милиони патници, додека податоците во мај покажуваат подобри резултати.