-->
-->
Кинескиот Парламент отстрани 45 пратеници за купување гласови
-->

Кинескиот Парламент отстрани 45 пратеници од североисточната провинција Лиаонинг поради изборни измами, јави ДПА.
- Одлуката покажува дека Кинеската комунистичка партија пројавува нулта толеранција кон поткупувањето и купувањето гласови, се вели во редакциската статија на весникот на партијата, „Пиплс дејли“.
Постојаниот Комитет на Секинеското собрание на народните претставници се собра вчера на специјална седница и гласаше за отстранување на 45-те пратеници, избрани во провинциското Собрание, поради купување гласови и поткупи за време на изборите во 2013 година.
Кинеската државна телевизија јави дека „ова е случај без преседан во историјата на Кинеската народна република, која е формирана во 1949 година“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
