Кипарските лидери почнуваат нова рунда преговори

Лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци, Никос Анастасиадис и Мустафа Акинџи денеска почнуваат нова рунда преговори под покровителство на Обединетите нации, која се смета за последната добра можност да се стави крај на една од најдолготрајните политички кризи во светот.
Петдневните преговори во луксузниот објект во близина на Лозана ќе бидат насочени на територијалните спорови, кои повеќе од 40 години ги поттикнуват несогласувањата меѓу грчката и турската заедница на Кипар.
Овој медитерански остров е поделен од 1974 година, кога турските сили зазедоа територија во северниот дел на Кипар како одговор на пучот, кој го инспирирала Атина тежнеејќи кон обединување со Грција, пренесува БТА.
Моментниот мировен процес, со посредство на ОН, пред 17 месеци го почнаа Анастаиадис и Акинџи.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун јасно стави до знаење дека сака конечна и трајна спогодба да биде постигната пред тој да замине од функцијата кон крајот на годината.
Важниот мировен договор во 2004 година пропадна, кога предлогот, кој го изнесе тогашниот генерален секретар на ОН Кофи Анан го прифатија мнозинството кипарски Турци, но кипарските Грци го отфрлија на референдум.
Анастасиадис минатата недела ги повика двете страни да ја искористат можноста, повикувајќи на напредок по прашањето за териториите, што би овозможило конечно решение.
Акинџи, чија Турска Република Северен Кипар е призната само од Анкара, исто така изјави дека напорите со цел решавање на кризата не можат да продолжат бесконечно.
- Ова не е нешто за што можеме после 50 години да расправаме уште 50 години. Сите се свесни за тоа, вклучувајќи ги и ОН, нагласи Акинџи.
Двајцата лидери во Лозана ќе се обидат да се договорат за внатрешните граници меѓу двете идни држави, што би овозможило враќање на некои области во северниот дел на Кипар на кипарските Грци
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
