Македонија
8. јуни 2023 - 21:15

Ќе има ли договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ преку широка владина коалција без ДУИ ќе влезе во процесот на примена на Уставот само со гаранции од ЕУ и САД за македонскиот идентитет и за брза и безусловна интеграција на државата во Унијата. Во спротивно, уставни измени нема да има, вели лидерот на партијата Мицкоски кој нагласи дека власта сепак нема 2/3 мнозинство во парламентот.

Мицкоски смета и дека гаранциите што ги бара од Брисел не значат и промена на преговарачката рамка бидејќи во нејзе не се споменати уставните измени. За нивно одложено дејство вели потребно е само да се измени заклучокот на Советот на ЕУ. Втора можност би била Резолуција во највискотот политичко тело на Унијата за заштита на македонскиот идентитет.  Вели за да се реазлизира ова ќе биде потребна и допломатска офназива на меѓународниот фактор врз официјална Софија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ остана и на ставот дека во преодната влада не треба да има место за ДУИ. При тоа, ваквата широка владина коалиција, како што рече, нема да значи амнестија за актуелни политичари за кои постои сомнеж за криминал.

Мицкоски го повтори и барањето за брзи предврмени избори на есен, со три можни датуми.

Од СДСМ пак, се уште толкуваат дека ваквите позиции на МИцкоски се прифаќање на подадената рака на Ковачевски за широка коалција во има на уставните измени.

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја прфати оваа наша подадена рака. Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќање на уставните измени и учество во широка Влада за европски интеграции е добра основа за продолжување на дијалогот. Во овие историски и важни моменти за државата од исклучителна важност е да продолжиме заедно да работите во интерес на граѓаните и европската иднина на земјата.

Од СДСМ сметаат дека македонскиот идентитет веќе е зашитетн во Европската унија.