Македонија
5. March 2021 - 21:17

Ќе има ли една изборна единица?

Една изборна единица, наместо шест како досега ќе ги изедначат гласовите на граѓаните и ќе значи поголема демократизација на парламентот децидни се политичките аналитичари откако во Собранието денеска пристигна предлог од помалите партии за измени на Изборниот законик.

Дел од нив велат дека ваквиот предлог треба да биде прифатен со политички конзенсус, а добро е изборниот модел да почне првично да се менува со отворање на пратеничките листи.

Сепак, и Божиновски и Селими велат дека воведувањето на една изборна едница мора да значи и воведување на изборен праг за освојување на собраниско столче.

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов денеска поднесе измени на Изборниот законик за воведување на една изборна единица со пропорционалниот модел и без изборен праг за влез во Собранието. Пресметката на пратеници да се одвива преку Донтовиот количник. Трајнов ја доби поддршката од ЛДП, ВМРО-Народна партија, Левица, но и од СДСМ.