Македонија
24. January 2021 - 21:22

Ќе има ли ново работно време за угостителските објекти, што препорачуваат здравствените авторитети

Средба со владини претставници или протест. Утре истекуваат 5 дена кои угостителите и ги додадоа на владата да ги усвои нивните барања. Неофицијално, добиле ветување дека ќе имаат состанок со вицепремирот Битиќ, кој чекаат да се официјализира. За да постои оваа  дејност, бараат продолжување на мерката исплата на минимална плата

Без разлика на листата барања која ја имаме доставено до Владата, нашето најосновно барање е да продолжи поддршката со исплата на минималаната плата од јануари до март, изјави Здравки  Јосифовски, Независна угостителска Комора

Владата им го продложи работното време  до 21 часот. Но, угостители и натаму се  незадоволни. Бараат да работат до 23 часот. Сега не бележеле зголемен промет, бидејќи гостите им останале исти – само покасно доаѓале.  Епидемиолозите пак – сугерираат – да се издржи уште неколку месеци,  мерките за угостителите да останат непроменети. 

Додека не дојде вакцината, и за да се спречи евенитално овој со, кој веќче е регистриран во Србија препорачува сите мерки да си останат вака како што се, угостителите да работа до 21 часот , ќе издржиме уште 2,3 месеци, па  после ќе седиме на тераса до 24. Изјави Никола Пановски епедемиолог

Минатаа година поради затворените капацитети загубите во оваа индустрија надминаа 22 милиони евра. Вработени  биле 35.000, но поради кризата 5,000 добиле отказ