Loading Video...
Фудбал
30. March 2020 - 19:13

Ќе има ново одложување на баражите од Лигата на нациите?

УЕФА за први април закажа нова видео конференција со претставниците на националните федерации на ккоја ќе се разговара за нови проблеми во календарот.

             Ова со други зборови значи дека се поизвесно е ново одложување на бараж средбата од Лигата на нациите помеѓу Македонија и Косово која требаше да се одигра на 4-ти јуни во рамките на полуфиналните пресметки за пласман на следното ЕП кое е презакажано за наредната година.

„УЕФА ги кани своите 55 членки и нивните генерални секретари на видео конференција за да се разговара за прогресот на работните групи кои беа составени пред една недела. На состанокот ќе се разгледува календарот за репрезентативните и клупските натпреварувања“, стои во дел од известувањето од Нион.

Според англискиот  „Тајмс“УЕФА има план клупската сезона да заврши во август и токму на овој состанок ќе бидат обелодените сите предлози и детали.