Ќе се бара олеснување на мерките за заштита од Ковид-19 за печалбарите
Министерството за економија ќе побара од Комисијата за заразни болести да ги олесни протоколите за доаѓање на печалбарите во земјава во текот на летово, но Владата ќе ги усвои предлозите на Комисијата бидејќи тие се најповикана институција во услови на пандемија и нивните препораки се барзирани на научна осонова, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Како Министерство за економија и јас како министер дадовме предлози и наши идеи за начинот какви треба да бидат протоколите и што се предвидува во тие протоколи во различни области зашто доаѓањето на печалбарите во земјата во текот на летото е многу важно и за економијата на земјата, но, ќе ги почитуваме препораките што ќе ги даде Комисијата. Со сигурност ќе разговараме отворено и транспарентност за здравствената сигурност на печалбарите коишто ќе дојдат во земјава да биде обезбедена од страна на властите, но истовремено ќе дадеме и можност за нормално функционирање на домашната економија, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата дали печалбарите ќе мора да бидат во 14-дневен карантин по доаѓањето во земјава.
Тој нагласи дека печалбарите во текот на минатите лета во земјава трошеле над еден милион евра.
-Негативниот импакт којшто може да го има недоаѓањето на печалбарите во Северна Македонија со сигурност ќе биде многу голем, но ние правиме максимални обиди, почнувајќи од здравствениот аспект којшто токму ова лето ќе ни даде можност колку што е можно полесно тие да дојдат во нивните родни места. Јас сум убеден дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките што се усвоени од Владата – држење дистанца, но истовремено и сите други препораки што до средина на јули ќе ги олесниме без да ги надминеме процедурите како што се самоизолација, карантин итн, рече Бектеши.
Ние не знаеме, нагласи, колку може да има негативно влијание недоаѓањето на печалбарите на намалување на економската активност, но секако ќе има големо влијание особено за малите, микро и средни компании коишто директно се зависни од доаѓањето на печалбарите во летната сезона.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
