-->
-->
Ќе се гради канализација во Просениково и Дабиле, Струмичко
-->
- Советот на општина Струмица на денешната 12-та седница донесе одлука за почеток на изградба на канализациски системи во селата Просениково и Дабиле.
Изградбата треба да почне за 2 - 3 недели, а системите треба да бидат завршени во наредните 12 месеци. Вкупната инвестиција изнесува 500 илјади евра обезбедени преку грант, а општината ќе учествува со 3,8 милиони денари.
Најмногу расправа кај советниците предизвикаа извештајот за работа на ЈПКД „Комуналец“ за првите три месеци од оваа година, одлуката за давање согласност за обезбедени финансиски средства за нови вработувања во јавното претпријатие и одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење за периодот од 2018 до 2020 година. За нив советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано и против.
Советот донесе одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество во проектот за „Економска валоризација на културната и алтернативната туристичка понуда на Цареви Кули во туристичката дестинација Струмица“.
Со проектот, за кој аплицира општината во износ од над 61 милиони денари, се планира заокружување на изградбата на ѕидините на локалитетот Цареви Кули, како и изградба на повеќе пристапни патеки, објекти и други содржини.
Членовите на Советот на општина Струмица за регулирање на статусот на безправно изградени објекти донесоа повеќе одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за проширување на плански опфат за катастарски парцели и усогласување на намената на градежно земјиште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека