Македонија
30. October 2020 - 12:26

Ќе се гради нов објект до гевегелиската болница за третман на заразени од ковид

Општина Гевгелија ќе ja  финансира изградбата на дополнителниот објект во гевгелиската болница наменет за тестирање и терапија на ковид позитивни пациенти. Овој предлог на градоначалникот едногласно беше поддржан од страна на сите советници  кои дадоа  зелено  светло 377 374 денари од општинскиот буџет да бидат наменети за изградба на овој објект. Проширувањето е во склоп на постојниот Ковид центар во кој моментално се врши прием и тестирањето за корона вирус. 

Во доградбата се планирани осум до десет болнички кревети за дневна терапија на пациентите со полесни симптоми. Во меѓувреме болницата во Гевгелија го адаптираше и невропсихијатриското одделение за пациенти на кои им е потребна хоспитализација.

Со цел обезбедување на дополнителна опрема и неопходни апарати,  градоначалникот ги повика општествено одговорните компании од општината и тие да се вклучат обезбедување на што подобри услови за лекување на ковид позитивните гевгеличани.

Последниот период Гевгелија се наоѓа високо на табелата по бројот на новозаразени од ковид 19. Статистиката на гевгелискиот центар за јавно здравје покажува дека во првото тримесечје имало само 4 случаи, во второто 36, додека последните месеци се регистрирани над 280 лица. Во моментов активни се 168 случаи, а шест лица ја загубиле битката со вирусот.