Македонија
18. April 2016 - 14:56

Ќе се сече стара топола позади Владата

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ утре ќе исечат топола позади Владата на Република Македонија.

Како што соопштија од  „Паркови и зеленило“, сечењето ќе се изврши по издадено Решение од Секторот за комунални работи на Град Скопје поради старост на дрвото и опасност од паѓање.