Коалицијата за промени и правда на средби со прилепчани
„Коалицијата за промени и правда“ денеска имаше средби со прилепчани. Според претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов најголем проблем и за прилепчани и во Македонија е невработеноста, и затоа оваа коалиција ќе се залага за повеќе економски прашања меѓу кои и два отсто од буџетот да бидат наменети за проекти за младите да се вработуваат.
- Проблемот на невработеноста е клучен и затоа ние сакаме да ги изедначиме условите за бизнис на странските и на домашните компании. Сакаме и тоа ќе го направиме, два отсто од буџетот да бидат за проекти за вработување на младите. Нашите способни кадри од странство, менаџери да ги вратиме тука, да развиеме силно, информатичко општество, рече Трајанов.
Предвидуваме, додаде тој, над 30.000 мали фирми да се отворат и во нив да се вработат од тројца до петмина. - Наместо 150 евра колку што им плаќаат странските компании, најниската плата мора да се дефинира на најмалку 300 евра, изјави Трајанов.
Коалицијата ќе спроведе референдум со граѓаните за работното време да почнува од 7 часот, МРТ да се финансира од буџетот, а судските такси мора да бидат само 100 денари за сите тужби.
- Граѓаните плаќаат енормни суми на име судски такси за какви било тужби. Ние се залагаме сите такси да бидат само 100 денари без разлика за какви тужби се однесуваат, вели Трајанов.
За носителот на листата во четвртата изборна единица Слободан Богоески најбитно е да се демократизираат институциите да не бидат во власта на една партија како досега.
- Ќе направиме темелни измени на законодавството кои ќе ги гарантираат слободите, правата и поделбата на власта во Македонија, а не како што беше во изминатите 10 години, изјави Богоески.
Тој ги повика партиите да потпишат протокол пред изборите дека ќе се залагаат за правата на бранителите.
Ново на Сител
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир