Кога една жена се грижи за својот изглед најлесно е да се нарече спонзоруша, вели сопругата на Орданоски
Агнеса Орданоска, сопруга на Роберт Орданоски, поранешен директор на АЕК, кој вчера преку Фејсбук објави дека се разведува, за „Фокус“ изјавила дека е вознемирена од настанот и дека најмногу се грижи за тоа како ова ќе се одрази врз децата.
– Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, тие се во период кога растат, созреваат. Кога една жена се грижи за својот изглед, најлесно е да биде обвинета за афери, да се нарече спонзоруша, да ѝ се прикачуваат невистини кои ќе ја прикажат во лошо светло. Многумина ќе се ситат, лавини од невкусни коментари, без да се помисли на емоциите на овие деца, жално е сето тоа… Но, ме изненади поддршката која од вчера ја добивам од огромен број жени и мајки, кои дури и никогаш не сум ги сретнала во живот – изјави Орданоска.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник