Живот
27. March 2019 - 11:10

Кога среќата е на твоја страна - по грешка уплатил две исти лото ливчиња, освоил 46 милиони долари

Работник од Мебурн, Австралија освоил 46,6 милиони австралиски долари на лото, откако по грешка два пати го уплатил ливчето со исти броеви. Тој го уплатил едното ливче во Сент Албанс, а потоа по грешка уште еднаш го уплатил истото.

Секое ливче му донело добивка од 23,3 милиони долари, а џекпотот бил толку голем бидејќи никој го немал освоено седум недели.

Во извлекувањето има уште еден добитник на 23,3 милиони долари во Хобарт.

Добитната комбинација е 12, 28, 24, 29, 9, 19 и 25, а дополнителните броеви се 12 и 31.

Мажот кој ги уплатил двете лото ливчиња рекол дека ги игра истите броеви 30 години и дека сега може да размислува да се пензионира, да купи нова куќа и да отиде на одмор со семејството.