Фудбал
9. January 2016 - 9:46

Koи се најскапите фудбалери на денешницата

Меѓународниот центар за спортски студии од швајцарски Најшател ја објави листата на стоте најскапи фудбалери од петте најсилни европски лиги доколку би се случи нивен трансфер во нов клуб.
 
На врвот од листата се двајцата напаѓачи на Барселона. Аргентинецот Лионел Меси е убедливо најскап и неговиот трансфер би чинел 250 милиони евра, а го следи Бразилецот Нејмар за чиишто услуги новиот клуб би требало да плати 152 милиони евра.
 
Трети е играчот од средниот ред на лондонски Челзи, Белгиецот Еден Азар кој е проценет на 130 милиони евра, додека четврти е португалскиот ас во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со 114 милиони евра. На петтото место е напаѓачот на англиски Тотнехем, Хари Кејн чиј потенцијален трансфер би чинел 91 милион евра.