Македонија
1. February 2023 - 16:41

Кој се ќе присуствува на чествувањето на Гоце Делчев во сабота?

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Ковачевски, вицепремиерот Груби, министрите Спасовски, Петровска и Костадиновска Стојчевска ќе ја предводат државната делегација која на 4-ти февруари ќе поклони пред вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев, по повод 151-та годишнина од неговото раѓање.

И лидерот на опозицијата потврди дека ќе биде дел од чествувањето и уште рано наутро  во 8:30 тргнувајќи од партискиот штаб ќе се поклонел пред саркофагот на Делчев во црквата Св.Спас.Мицковски упати и смирувачка порака во пресрет на чествувањето. Ги повика македонските граѓани да не подлегнуваат на провокации и достоинствено да го чествуваат Гоце Делчев. Потврди и дека членови на партијата се повикувани на информативни разговори во полиција.

И македонските власти повикуваат да не се одговара на повиците за организирано чување на вечното почиваличте на Делчев, бидејќи безбедносните органи веќе ги спроведуваат планот за зголемено полициско обезбедување за случувањето на 4-ти февруари. Околу црквата Св. Спас веќе два дена е зголемено е полициското присуство, а ограничено е и движењето околу целиот објект. 

По состанокот на безбедносните служби на Македонија и Бугарија, бугарската полиција со став дека доколку македонските колеги побараат помоѓш, поготвени се да пристигнат да помогнат во обезбедувањето.

– Бугарија е подготвена да испрати полицајци во Северна Македонија на 4 февруари, ако добие таков предлог. Северна Македонија е одговорна за настанот, но ние можеме да обезбедиме помош. Се надевам дека нема да има провокации, нема да има навреди. Вложуваме максимални напори од страна на бугарските гости да нема провокации, вели Станев.

Од официјална Софија првично кажаа дека нема да присуствува некој висок државен претставник во Скопје, туку симболично ќе бидат присутни претставници на бугарската амбасада од Скопје. Дали сепак ќе пристигнат бугарски функционери во Скопје ќе се знае утре, како што најавија македонските институции.

А македонските Бугари на средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во Брисел ќе се пожалат за како што тврдат институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив во Македонија.