Македонија
22. February 2020 - 16:57

Кокаинот запленет во Италија, до Македонија патувала следена пратка од 1 килограм

Големата пратка кокаин од Колумбија била запленета во Италија, а кон Макеоднија и Босна биле пуштени лажни пратки со систем за следење. Босанскиот весник Независне новине пишува дека во меѓународната акција за спречување шверц на кокаин биле вклучени италјанската, македонската, црногорската и босанската полиција, а откриени биле вкупно 1,2 тони кокаин со врендост од 50 милиони евра наменети за земјава и за Босна.

Дрогата била спакувана во неколку контејнери и била запленета на пристаниште во Италија. Италијанската полиција од контејнерите извадила 970 пакети кокаин кои ги заплениле и испратиле лажна пратка во која оставиле само околу еден килограм дрога запакувана со систем за следење. Следна дестинација било пристаништето во Бар, Црна Гора, каде за да ги подигнат пакетите пристигнале вкупно шест камиони, четири од Македонија, два од БиХ. Камионите ги земале контејнерите и тргнале назад не знаејќи дека всушност превезуваат само еден килограм кокаин кој го следат.

Министерот Наќе Чулев рече дека во скопското село Крушопек е запленет еден килограм кокаин. На заплената ѝ претходела акција која траела од 17 до 19 февруари.  Во земјава кокаинот влегол преку граничниот премин „Ќафасан“, во камион кој носел банани. Акцијата добила завршница кога камионот со пакетите банани пристигнал во магацинот на фирмата „Банекс компани“ ДООЕЛ во Крушопек, која според Чулев била крајниот примател.

Дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска, пак, синоќа го прозва Чулев за пробивање на акцијата, а тоа имало најголеми последици во Босна. За ова според неа Чулев веќе добил реакција од италијанските колеги.

Со издавање на информациите однапред и соопштување дека станува збор за огромна акција од страна на министерот Чулев, се информирани и структури што не треба да бидат информирани во тој момент дека во нашата земја се одвива акција.  И на крај, бидејќи акцијата е пробиена, не е постигнат посакуваниот ефект односно она што италијанските власти очекувале дека ќе се случи, вели дополнителната заменик-министерка во МВР.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, пак контра Петровска. Вели акцијата била професионално сработена.

За шверцот со кокаин под истрага се четири лица по две од Макеоднја и Босна.