Ракомет
17. October 2019 - 20:18

Кокшаров: Вардар ја загуби препознатливоста

Неочекувана тренерска смена во  редовите на европскиот ракометен првак Вардар.  Давид Писонеро повеќе не е прв тренер на црвено-црните , тимот во наредните натпревари ќе го води досегашниот спортски директор Едуард Кокшаров.

            Вардар оствари три победи во Лигата на шампионите  во новата сезона но доживеа непријатен пораз од Кил пред скопската публика што очигледно предизвика незадоволство кај раководството на клубот и пред се првиот човек Сергеј Самсоненко.

            Извори од клубот велат дека постоело незадоволство од играта на европскиот првак веќе подолго време а чашата ја прели  катастрофалната игра во првиот дел против германскиот Кил каде Вардар доживеа непријатен пораз.

            Иако официјално не е потврдено  шпанецот  нема да биде повеќе прв

тренер. Екипата во иднина ќе ја предводи Едуард Кокшаров кој  во интервју за руските медиуми како причина за ваков чекор ја наведе непрепознатливоста во играта на Вардар.

            „ Иако успеавме да го задржиме поголемиот дел од тимот од ланската сезона, овој Вардар не наликуваше на ланскиот. Имаме и нови играчи и ним им треба време за адаптација, но како да исчезна стилот на Вардар и затоа Самсоненко се реши на ваков потег“, изјави  Кокшаров кој воедно е и селектор на репрезентацијата на Русија.

          Денеска Кокшаров го одржал и првиот тренинг со ракометарите на Вардар.