Loading Video...
Свет
28. April 2026 - 16:36

Кол Томас Ален обвинет за обид за атентат врз Трамп - му се заканува доживотен затвор

31 годишниот Кол Томас Ален од Калифорија кој со ловелчка пушка, пиштол и ножеви се обиде да упадне на настан на кој присистуваше Трамп, е обвинет за обид за убиство на американскиот претседател, соопшти Министерството за правда на Соединетите држави.

Доколку биде прогласен за виновен му се заканува доживотна казна затвор. Ален беше обвинет и за два прекршоци поврзани со оружје кога се појави пред судот во Вашингтон вчера. 

- Ќе има дополнителни обвиненија како што продолжува оваа истрага. Но, немојте да се залажувате, ова беше обид за атентат врз претседателот на Соединетите Американски Држави. При што обвинетиот јасно стави до знаење каква била неговата намера, изјави Џанин Пиро, обвинителка за округот Колумбија. 

Десетина минути пред да се обиде да упадне во салата во која се одржуваше настанот, Ален испратил електронска порака да своето семејството во која навел дека планира да елиминира владини претсавици, а приоритет им да дал на највисоките позиции. Покрај Трамп, на настанот биле и првата дама Меланија, потпреседателот Венс и други службеници на Белата куќа.

Во обидот да го пробие безбедносниот пункт пред салата, Ален рани еден агент на Тајната служба. Инцидентот се случи за време на вечерата на дописниците од Белата куќа во хотелот Вашингтон Хилтон во Вашингтон во саботата навечер, а напаѓачот влегол во хотелот како гостин.  

Предлогот на Иран за разговори за нуклеарната програма дури по завршување на војната е неприфатлива за САД. Од Белата куќа велат дека нуклеарното прашање е приоритет. 

Иран преку Пакистан достави фазен предлог до САД, во кој се предлага постепено решавање на тековниет тензии. Според планот, прва фаза предвидува прекин на воените дејствија и гаранции од САД и Изарел дека нападите нема да продолжат.

Во втората фаза Иран би ја укинал блокадата на Ормускиот теснец, а САД  да ја повлечат поморската блокада на иранските пристаништа. Техеран предлага и да го стави теснецот под сопствен надзор. Третата фаза би се однесувала на нуклеарните разговори, при што Техеран бара признавање на правото на збогатување ураниум како дел од договорот. Првиот човек на ОН со порака до Иран и САД. 

- Апелирам до страните - Отворете го теснецот. Пуштете ги бродовите да поминуваат. Без патарини. Без дискриминација. Нека продолжи трговијата. Нека глобалната економија дише.