Бизнис
7. September 2021 - 21:18

Колку беше платата кај одделни професии пред 40 години, а колку е сега во споредба со просечните примања

Банкарите тргнале силно напред, земјоделците загубиле најмногу. Анализата на Фајнанс тинк за тоа колку се заработоува во одредени сектори споредно со просечната плата во период од 40 години покажува дена, на пример наставниците во 1981 година имале плата која била за 11% повисока од тогашниот просек, сега нивната плата е за 2,6% пониска од просечната. Пред четири децении индустриските работници заработувале просечна плата, сега нивните примања се за 13% пониски од просекот.

Најголема загауба претрпеле земјоделците, во 81 земјоделецот заработувал само 5% под просекот, сега неговата заработувачка е за над 20% пониска. Под просекот и тогаш и сега биле туристичките работници, а банкарите добиле најмногу. Пред четири децении банкарите имале за 26% повисока плата од просечната, сега таа е за 60% повисока.

Според експертите, растот на платите во овие 40 години не го следи просекот, но и условите за тоа се различни.

Како стои Македонија во однос на останатите ЈУ републики? Анализиран е просекот пред 7 и 4 децении и денес. На Македонија најдобро и било во 1951 година. Тогаш била 8,5% под југословенскиот просек. Во 1981 јазот се зголемил на 18%, а сега изнесува 32%. Под просекот речиси цело време се и Србија, Косово,  Црна Гора и Босна. Кај членките на ЕУ пак од 51 наваму се подобро се живее. Просекот на Словенија е над 90% , а на Хрватска над 40% поголем од остатокот од поранешната држава.