Македонија
25. May 2020 - 16:51

Комисијата за верски заедници ги повикува верските лидери да бидат одговорни

Состојбата со корона вирусот бара сериозен пристап од сите, па и од верските лидери. Првиот човек на комисијата за односи со верските заедници вели дека вчерашната изјава на реисот Сулејман Реџепи може да се сфати со теолошка, а не здравствена позадина, бидејќи вирусот е активен и неопходно е почитување на мерките.

Сотировски вели дека секое прекршување на мерките е индивидуален акт и не може да се поврзе со пораките кои ги испраќаат верските лидери. Сепак, критиките кон заедниците во одредена мера се оправдани.

-Сметам дека верските заедници не во целост го сообразија своето делување со потребите за колективна заштита на здравјето на граѓаните. Сепак и тие направија значајни чекори, ИВЗ ги затвори џамиите без при тоа државата конкретно да го побара тоа, додека христијанските верници најголемиот празник Велигден го поминаа дома.

Сето ова заедно со почитување на мерките за заштита според Сотировски влијае врз зачувување на колективното здравје.