Loading Video...
Балкан
24. July 2021 - 17:04

Комитетот за имунизација во Србија препорача трета доза, само во Врање вакцинирани над 12.000 македонски државјани

Стручниот комитет  за имунизација на Србија препорача трета доза од антиковид вакцина, препорака која  кризниот штаб за борба против ковид 19 ќе ја усвои на почетокот на август.  Според  Комитетот третата доза  треба да биде Рна вакцина, но  може и вакцина направена на некој друг начин.

Граѓаните сами ќе можат да  ја изберат третата доза од достапните вакцини, беа разлика со која вакцина се вакцинирани. Од рна Вакцините Србија ја има Фајзер а Модерна ја очекува во октомври.  Трета доза може да прима секој кој сака но  треба да исполнува  само еден услов - од втората доза да поминале најмалку 6 месеци.

За Третата доза сериозно  треба да размислат лицата постари од 70 години, лицата со имунитетeн дефицит и лицата  чиј имунолошки систем слабо реагира на  двете дози велат епидемиолозите. Покрај Фајзер, во Србија се употребуваат и Спутник, Синофарм и Астра Зенека. Според  епидемиолоизте четвртиот ковид бран е на прагот во Србија а на  удар ќе бидат невакцинрианите. Апелираат што побрзо да се заштитат. Утрово здравствениот центар на Врање објави список колку српски и странски граѓаните се вакцинирале  во центрите за имунизација во градот. 

Заклучно со вчера, 12.006 македонски граѓани примиле прва доза  додека со втора доза вакцинира ни 9.394 наши државјани. Вчера  вакцинирани се 54 македонски државјани со првата доза и 55 лица со втората доза на вакцините на Синофарм и Фајзер.