Бизнис
27. February 2021 - 21:09

Компаниите ќе отпуштаат вработени ако Собранието не ги изгласа мерките за помош

Ако во најскоро време Собранието не ги донесе законите за петтиот пакет, фирмите може да почнат да отпуштаат, велат од бизнис заедницата. Рокот за исплата на платите е до 15-ти март. Најголем дел од фирмите се со намален обем на работа, немаат свои средства за исплата на плати и чекаат да аплицираат за субвенции. Апелираат до пратениците да ги остават партиските препукувања и да ја одблокираат работата на Собранието.

Димитров смета дека и годинава ќе биде тешка за економијата. Бројките растат, вакцини нема, а дел од европските држави повторно воведуваат рестрикции.  

Претходно и сметководителите апелираа пратениците да најдат заеднички јазик и да ги донесат законите со кои треба да почне реализацијата на новиот пакет. Велат дека тоа треба да се случи најбрзо што може за да не се доведеме во ситуација  рокот за аплицирање да биде прекраток, а дел од фирмите да не успеат да достават барање.

Собранието веќе неколку недели е блокирано затоа што владејачкото мнозинство не може да обезбеди кворум за седница.