Комунална полиција - потенцијално решение за ѓубрето и воспоставување ред во главниот град
Комунална полиција – потенцијално решение за ѓубрето и воспоставување ред во општините. Оваа иницијатива не се спроведува во ниту еден град во Македонија, но затоа Белград, Тирана, Подгорица и Љубљана веќе имаат успешна пракса. Искуството на регионот покажува дека нечистотијата се намалила неколкукратно.
„Позитивно е искуството од причина што генерално МВР има најширок дијапазон на овластувања. Создавање на вакво тело кое ќе се грижи само за специјализирани прекршоци од помал интензитет, всушност ја специјализира работата и ја прави луѓето кои се надлежни за овие поситни прекршоци да бидат по будни“ изјави д-р Александар Иванов, професор по еколошка безбедност на „Факултетот за безбедност“ – Скопје.
Професорот смета дека надлежностите на евентуаланта комунална полиција да се изедначат барем со оние на агенциите со обезбедување.
„Што значи тоа? Да можат да го задржат сторителот на таков прекршок до пристигнување на полицијата. Меѓутоа тоа одржува друго прашање, дека тие комунални полицајци мора да бидат соодветно обучени за примена на мерки на присила, задржување, информирање“, додава професорот.
Иницијатива пак комунален редар е спакувана во новиот Закон за локална самоуправа кој не претрпел промени над 20 години. Сепак и тој е заглавен во собранискиот лавиринт, бидејќи нема бадентерово мнозинство. Но, за редарите да може да казнуваат граѓани ќе треба да бидат направени дополнителни измени.
Откако Ѓорѓиевски седна во градоначалничката фотеља се изгласа обврската дека сите скопјени не смеат да фрлаат ѓубре од 22 часот навечер до 6 часот наутро. Моментално, Град Скопје има вкупно 40 инспектори, 11 комунални инспектори и 10 комунални редари.
Од 1 декември започна фазата на изрекување казни и за индивидуални лица и за компании кои не ја почитуваат новата забрана . Пред почетокот на овој месец, скопјани добиваа само опомени.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
