-->
-->
Концерт на израелскиот пијанист Нитаи Хершковиц
-->

Израелскиот пијанист и композитор Нитаи Хершковиц, кој се смета за еден од најистакнатите светски џез-пијанисти од помладата генерација, вечер со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт во Домот на АРМ, во Скопје.
Познат по неговата виртуозност и длабока емоција, Хершковиц по четиригодишната плодна соработка со врвниот израелски басист Авишаи Коен, од неодамна ја почна својата самостојна солистичка кариера.
Tој ќе и се претстави на македонската публика со концертна промоција на своето прво авторско издание насловено „I Asked You a Question“. Концертот е во организација на агенцијата „Кинор“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
