Концерт на „Загрепски солисти“ за отворање на малата сала на Филхармонијата

Со настап на хрватскиот гудачки ансамбл „Загрепски солисти“, Македонската филхармонија вечер ќе ја пушти во употреба малата сала која има 312 седишта и е наменета за камерни концерти.
Гостите од Загреб ќе изведат дела од Моцарт, Чајковски и од македонскиот композитор Драган Шуплевски. Солисти на концертот се Хрвоје Филипс на виола и виолинистот и концерт-мајстор Сретен Крстиќ кој, исто така, е и концерт-мајстор на Минхенската филхармонија.
Покрај нив, во „Загрепски солисти“ членуваат и: Крунослав Мариќ, Џана Кахриман, Мислав Павлин, Иван Новинц, Давор Филипс (виолини); Марко Отмачиќ, Магда Скарамуца (виоли); Смиљан Мрчела, Златко Руцнер (виолончела) и Марио Ивеља (контрабас).
Ансамблот е формиран во 1953 година во рамките на Радио Загреб, под уметничко водство на истакнатиот виолончелист Антонио Јанигра. Во текот на повеќе од шест децении „Загрепски солисти“ одржале околу 4000 концерти на сите континенти, во најголемите светски центри и во најславните концертни сали.
Досега снимиле повеќе од 70 носачи на звук за врвни компании. На својот репертоар вклучуваат барокни, класични, романтични, како и дела од современата музика. Ги актуелизираат раните, но ги претставуваат и младите генерации хрватски композитори.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
