Loading Video...
Фудбал
25. May 2022 - 20:14

Конференциска лига: Битката за трофејот започна на улиците на Тирана

Вечерва во Рим се игра првото финале од новата конференциска лига на УЕФА во кое силите ќе ги одмерат Рома и Феенорд. Средба се игра со почеток во 21ч а од главниот град на Албанија, Тирана пристигнуваат информации за големи судири помеѓу навачките групи и полицијата. 

Рома или  Феенорд вечерва ќе испишаат историја како прв победник на новоформираната Лига на конференции.  Италијаните немаат поголем успех  во последните 12 години во европските купови и затоа се крстат во Мурињо и неговата Рома која се бори за прв европски трофеј.  На спротивната страна е холандскиот Феенорд кој има трофеј во Лигата на шампионите и два во Купот на УЕФА. 

Се чини влогот е многу поголем од што се очекуваше па во Тирана се слеаја повеќе од 100 илјади навивачи на двата тима. Стадионот е претесен да ги прими сите но затоа пак има доволно место на улиците каде според информациите се води вистинска војна во која се повредени 10 полицајци по што силите на редот употребиле и солзавец за да ги смират страстите. 

Полицијата пред малку објави дека повеќе од 80 лица се уапсени и тоа од 2-та тима. 

Полицијата била нападната со палки и камења од фановите на Рома  а подоцна и од околу 200 навивачи на Феенорд  кои се обиделе да стигнат до местото каде се фановите на противничкиот тим.