Конкурс за откуп на фотографии со мотиви од Скопје

Град Скопје денеска објави конкурс за откуп на фотографии со мотиви од градот на кој право на учество имаат сите заинтересирани правни и физички лица.
Конкурсот ќе трае 120 дена, а пријавите кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани. За наградените фотографии Град Скопје ќе организира изложба во еден од своите културни центри.
Согласно утврдените критериуми Фотографиите треба да бидат со различни мотиви од подрачјето на градот Скопје, по избор на доставувачот, да се изработени во дигитален TIF(ТИФ) формат, со висока резолуција, подготвени за печатење, да не бидат постари од една година, и да не бидат претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да биле пријавени за учество на други конкурси.
За техничко-уметничките критериуми, начинот на конкурирање и други дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3297-218, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mkили во просториите на Град Скопје, барака бр. 6, канцеларија бр. 1 - Одделение за туризам.
Фотографиите треба да се достават на адресата: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. „Илинден” бр. 82, 1000 Скопје, со назнака „За Конкурсот за најдобра фотографија“ или лично во Архивата на Град Скопје.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
