Loading Video...
Кошарка
4. November 2019 - 16:28

Кошаркарките започнуваат со подготовки за новиот квалификациски циклус за ЕП 2021

Женската македонска кошаркарска репрезентација вечерва ќе го има првиот собир пред новиот квалификациски циклус. 
 
Со вечерашната прозивка на новиот селектор Владимир Ѓоровиќ, кој го наследи Марјан Лазовски, женската кошаркарска репрезентавија на Македонија ќе означи  почеток на подготвителниот период за квалификациите за Европското првенство 2021 година. 
 
Репрезентативките ќе тренираат во големата сала на СРЦ „Кале“ се до 13. Ноември, кога ќе заминат за Германија каде ќе го одиграат првиот натпревар во оваа И квалификациска група. 
 
Четири дена подоцна (17 ноември) е закажан вториот дуел и тоа во Скопје,  против Летонија. 
 
Покрај овие две репрезентации противнички ќе бидат и Хрватките против кои чќе играме во вториот квалификациски прозорец односно во ноември следната година. 
 
Пласман на ЕП 2021-ва ќе обезбедат победниците во деветте квалификациски групи, како и петте најдобри второпласирани репрезентации, покрај домаќините на шампионатот, Шпанија и Франција. 
 
На список на Ѓоровиќ се дури шест интеранционалки, но ја нема Јелена Антиќ која е повредена, а шест кошаркарки доаѓаат и од редовите на шампионот Вардар. 
 
Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност Бемакс (Црна Гора)
Александра Стојановска – Фламуртари (Албанија)
Софија Лазареска – Милано Баскет (Италија)
Нена Трајчевска – Самсун Чаник (Турција)
Матеа Николиќ – Енсино Луго (Шпанија)
Илина Селцова – Ратгебер (Унгарија)
Ивона Пејковска – Вардар
Емилија Лазарова – Вардар
Јована Петрушевска – Вардар
Наталија Белеска – Вардар
Симона Деловска – Вардар
Јована Стојанова – Вардар
Ивана Кметовска – Бадел 1862
Сандра Лазареска – Бадел 1862
Драгана Јоловиќ – Бадел 1862
Наталија Секуловска – Бадел 1862
Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам
Габриела Модева – Струга 2009