Loading Video...
Кошарка
7. October 2020 - 14:01

Кошаркарскиот шампионат на Македонија сепак ќе започне викендов

И покрај најавите за ново пролонгирање на стартот на новата сезона во домашното кошаркарско првенство, сепак, Првата лига ќе стартува претстојниот викенд. 
 
Според најавите, нема да има ново пролонгирање на стартот на кошаркарскиот шампионат на Македонија, иако во редовите на екипата на ФМП Академија има седуммина позитивни на Ковид-19, по што целиот тим како и екипата на Вардар со која ФМП одигра контролен натпревар е во изолација. 
 
Како што најавија од федерацијата, првенството ќе започне со останатите екипи, додека ФМП Академија и Вардар своите натпревари од првото коло против Гостивар и Црн Дрим дополнително ќе ги одиграат. 
 
Така, викендов треба да се одиграат три натпревари и тоа МЗТ Скопје УНИ Банка и Еуро Никел, Кожув – Пелистер и ТФТ - Куманово, додека големото дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра во среда (14 октомври). 
 
Причината за пролонгирање на дерби дуелот е продолжениот период што го добија центарци, кои беа во карантин, а откако нивниот играч. Американецот,  Демиер Питс беше позитивен тест на Ковид-19.