Loading Video...
Македонија
1. јуни 2026 - 16:33

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта ја стартува балканската турнеја и средбите со властите во шесте земји од регионот. По Сараејво денеска, утре Кошта ќе седне на маса и со македонската влада. Според најавите ќе се разговара за исполнувањето на реформите, а во фокусот ќе биде и спорот со Бугарија особено по предлогот на германцкиот канцелар Мерц и неговиот план за проширување.

Во пресрет на посетата на Кошта, шефот на дипломатијата Муцунски побара јасни гаранции од Брисел за интеграциите и ја обвини Бугарија за неодговорно однесување.

Македонија пак бара достоинствено решение за полноправно членство во Унијата, вели шефот на дипломатијата. Не е оптимист дека во брзо време е можно решение со официјална Софија.

Конкретно не одговори дали писмото на Мерц со кое се нуди асоцијативно членство за Украина и Западен Балкан како набљудувач во ЕУ е прифатливо за Македонија, но вели владата е подготвена да ги искористи понудените поволности до полноправно членство.

Како дел од турнејата Кошта ќе ги посети и Тирана, Приштина, Белград и Подгорица. На 5 јуни, Кошта ќе ко-претседава со Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват на кој главните теми ќе бидат проширувањето на ЕУ, постепената интеграција, регионалната соработка и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста.