Косовската полиција уапси 15 Срби во Брезовица

Специјалните сили на косовската полиција уапсија денеска 15 Срби, вработени во националниот парк Шара во Брезовица, соопшти директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Џуриќ и објави, дека ќе побара итна вонредна седница на српската влада по тоа прашање, пренесува Танјуг.
Денеска пред пладне вооружена косовска полиција ги уапси сите српски работници во Шара, кои беа таму, вклучително и директорот, изјави Џуриќ на прес-конференција во Брисел.
Групата е пренесена во притвор во градот Урошевац.
Според Џуриќ акцијата е поврзана со планот на Косово да стане член на УНЕСКО и станува збор за обид да се принуди Србија да го признае Косово.
Џуриќ бара вонредна седница на српската влада, на која таа ќе се произнесе јасно како за апсењето на Србите во Брезовица, така и за обидите на Косово да стане член на УНЕСКО.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
