-->
-->
Косовскиот државен врв со многу пониски плати од директори на aгенции и претпријатија
-->

Повисока плата од премиерот, претседателот на државата и спикерот на парламентот, имаат неколку носители на високи функции на јавни претпријатија. Дел од нив имаат плата до 5.000 евра,додека премиерот во моментов има плата од 1.443 евра, објавија косовски медиуми.
Директорот на Косовскиот фонд за пензиски заштеди (Труст)Адријан Зали останува највисоко платен службеник во земјата.Неговата месечна плата е 15-пати повисока од просечната плата во земјата. Зали добива месечна плата од 5.213 евра или 62.567 евра годишно.
По него,со највисока плата е Агрон Мустафа,извршен директор на Телеком Косово, со месечна плата од 4.451евро.
Гувернерот на Централна банка на Косово има месечна плата од 4.301 евро ил 51 илјада евра годишно.
Следува директорот на Агенцијата за приватизација со 3.979 евра. По него е Директорот на косовската пошта со 3.000 евра,додека директорот на Косовската електрокорпорација,КЕК, е со месечна плата од 2.413 евра.
Од друга страна,државните функционери на Косово имаат помали плати, споредено со првите луѓе на агенциите и претпријатијата.
Претседателот на Косово,Хашим Тачи има месечна плата во износ од 2.800, спикерот на парламентот Кадри Весели 2.724, додека премиерот Рамуш Харадинај 1.443 евра
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
-
Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Агенцијата за внатрешна безбедност
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан