Ковачев: Писмото од МПЦ-ОА е позитивен чекор што треба да се прифати

Писмото од Македонската православна црква до Бугарската патријаршија е исклучително позитивен чекор што треба да се прифати, смета Андреј Ковачев, бугарскиот европратеник од редовите на партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, коментирајќи го барањето на МПЦ-ОА за евхаристинско единство со БПЦ.
- Ова е исклучително позитивно и би рекол дека писмото од Македонската архиепископија е револуционерно. Во овој исклучително поволен момент меѓу двете земји тоа е многу добар сигнал. Се надевам дека нашиот Синод позитивно ќе одговори и ќе им подаде рака на нашите собраќа, вели Ковачев во изјава за весникот „Монитор“.
Прашан дали евентуалната позитивна одлука на БПЦ би можела да ги наруши односите на Софија со други земји, Ковачев наведува дека Бугарија не мора секогаш да биде иста со другите и оти треба да го следи сопствениот интерес.
- Сепак, станува збор за наши собраќа. Не гледам зошто некој треба да се чувствува засегнат од оваа ситуација. Писмото е одличен знак и уникатна можност во актуелниот поволен политички амбиент да ја прифатиме подадената рака од Македонија. Се разбира, го изразувам моето лично мислење, а решението сепак останува на Синодот на БПЦ, изјави Ковачев.
Синодот на МПЦ-ОА на 9 овој месец испрати писмо до БПЦ во кое се бара да воспостави „евхаристиско единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“.
- Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, стои во писмото од МПЦ-ОА.
За прифаќање на барањето од МПЦ јавно веќе се заложија некoлку бугарски верски аналитичари, оценувајќи дека Бугарската православна црква треба да ја искористи историската шанса и да стане мајка црква на Македонската православна црква.
За писмото и барањата на МПЦ-ОА засега нема никакви реакции од Синодот на БПЦ ниту од бугарскиот патријарх Неофит.
Ново на Сител
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
