Ковачевски - Душек: Соработката со Светскиот економски форум е посебно значајна за економските перспективи на земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во Њујорк остварил средба со управниот директор на Светскиот економски форум, Мирек Душек, на која е разговарано за економските перспективи на Република Северна Македонија и на регионот на Западен Балкан, во контекст на политичките и безбедносните предизвици на европскиот континент, како и за важноста од соработката на нашата држава со Форумот, во ваквата констелација.
Како што информираат од владината прес-служба, преку активната соработка со над 800 водечки светски компании, Светскиот економски форум може значајно да придонесе за привлекување на вниманието на инвеститорите кон земјите од Западниот Балкан.
Премиерот Ковачевски оценил дека соработката со Светскиот економски форум е посебно значајна за Република Северна Македонија, во услови кога државата е насочена кон забрзан евроинтеграциски процес, од којшто се очекува унапредување на квалитетот на живот на македонските граѓани и економски развој.

- На патот кон евроинтеграциската цел, што сметаме дека е достижна до 2030 година, нашата земја има потреба од иновации и поттик на конкурентноста на компаниите и вложувања и мотивација на човечкиот капитал. Драгоцени се искуствата и размената на знаења на собирите на Форумот од глобален формат, по значајни прашања како што се: бизнис солуциите за одржлив развој, особено во производството на храна, изнаоѓањето решенија околу енергетските потенцијали, на планот на климатските промени, состојбите во здравството, глобалната конкуренција, информатичката технологија, борбата за спречување на корупцијата, посочил Ковачевски.
На состанокот, како што се наведува во владиното соопштение, констатирано е дека Република Северна Македонија бележи напредок во рангирањата според економските перформанси и е оценето дека е потребно одржување на фокусот по заземената насока, за што е најавена натамошна зајакната соработка со Светскиот економски форум.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
