Ковачевски: Ја поддржувам оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама рече дека ја поддржува оценската мисија што Европската Унија ја најави за работата на Судскиот совет.
-Не е првпат да има оценска мисија од страна на Европската Унија, имало во минатото. Ова е тема на која јас со евроамбасадорот Дејвид Гир имам разговарано пред една и пол година, со оглед дека нашиот судски систем е независен од Владата, е независен од било кого во светот, кажа Ковачевски.
Потсети на реформите во судството, каде на почетокот судиите беа бирани во Парламент, па имаа мандати, па потоа се премина на друго решение, и на крај, вели, сега имаме решение во кое судиите имаат доживотен мандат, се бираат од страна на судски совет, како независно, стручно тело кое има свој интегритет, и оценката за нив повторно ја даваат повторно судии од Судски совет. Ковачевски повтори дека тоа е тело кое само се бира, само се оценува и самото дава анализа што направило.
Од првиот ден кога станав премиер додаде тој, сметав дека такви системи често пати знаат да имаат подруга слика за себеси од тоа што има јавноста на која и служат.
-И затоа добро е што во рамките на соработката што ја имаме со ЕУ, сега ќе можат да организираат процес на една таква мисија за да ги проверат сите информации во врска со функционирањето на судскиот совет и потоа да ги споделат и со Европската комисија и со нашите политички актери кои немаат субординација врз судството, и врз основа на тоа да бидат предложени соодветни реформи што ќе ја унапредат работата на правосудните органи во државата. Така што, ако ме прашувате конкретно дали ја поздравувам - ја поддржувам, вели Ковачевски.
Евроамбасадорот Дејвид Гир вчера во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека Унијата испраќа оценска мисија во Северна Македонија за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци.
Гир рече дека тоа веќе и е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи.
-Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа одблиску со голема загриженост. Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството. Тое е неговата работа. Јасно е дека не го прави тоа. И она што го видовме неодамна е навистина... Неодамнешните слчувања се многу загрижувачки. До толку што поради тоа ние и предложивме на Владата да распоредиме тука оценска мисија на високо ниво за Судскиот совет, за да ги најде начините на кои ние може да одговориме на прашањата за професионализмот, интегритетот и независноста, за тие навистина да можат да ја вршат својата работа во иднина, вели Гир.
Тој појасни дека тоа е советодавна група, оценска мисија.
Ново на Сител
-

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе ја унапредува физичката подготвеност на војниците
-

Мицкоски за Изборниот законик: Не сум оптимист, затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата
-

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
-

Поранешниот директор на СОЗР со владин авион и службена картичка патувал и плаќал за приватни потреби
-

Едногласна доверба за нови успеси – проф. д-р Влатко Неделковски избран за нов мандат за декан на ФФОСЗ
-

Литванија стравува од можни руски напади врз клучна инфраструктура
-

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
