Македонија
19. April 2023 - 11:38

Ковачевски: Кога Бугарија ќе оформи Влада тогаш ќе можеме да разговараме

Прашан во врска со Бугарија, Ковачевски рече дека таму се водат преговори за конечно да се направи политичка влада и напомена дека кога ќе се направи политичка влада ќе може да се разговара на политичко ниво и да се коментираат случувањата.

- Во Бугарија се водат преговори за конечно да се направи политичка влада. Јас им посакувам многу успех. Кога ќе се направи политичка влада, тогаш ќе можеме да разговараме на политичко ниво и можеме да ги коментираме случувањата. Ние имаме јасна преговарачка рамка во која точно се наведени нашите обврски кои треба да ги исполниме и да ги отвориме кластерите за продолжување на преговорите и воспоставување на процес кој што ќе не зачлени до 2030 година во ЕУ, додаде Ковачевски.